Кај неуспешните обиди за намалување на килограмите и намалување на стомакот обично грешиме во изборот на храна, а еве неколку неочекувани намирници кои ќе ви помогнат во достигнувањето на саканата линија.
Намалувањето на килограми, особено оние наталожени околу половината може да биде прилично фрустрирачко и тешко, но всушност е едноставно – јадeме погрешни намирници кои и понатака наталожуваат масти на незгодни места.
Еве неколку совети за постигнување на саканиот обем на стомакот без претерана мака и одрекувања.
Јадете цели јајца – во последно време популарно е да се исфлри жолчката и да се јаде само белката, но всушност со малку дополнителни калории од целото јајце ќе се внесат и витамини кои позитивно ќе влијаат на вашиот метаболизам и согорување на маснотиите на стомакот.
Квалитетното месо како бифтек може нормално да се јаде и од скара, бидејќи добрите протеини се неопходни за метаболизмот и изградбата на мускули. Маста од лошото месо не е добра нити за убавината ни за здравјето, па јадете помалку, но поквалитетно.
Кефирот е подобар избор од јогуртот бидејќи има помалку маснотии, а повеќе здрави состојки. Нема да ве надуе, а во јогуртот ќе пронајдете повеќе шеќер отколку во кефирот.
За крај, на вашата маса нека има секој ден што повеќе овошје и зеленчук – не сокови туку плодови, лесно сварливи и сирови. Ќе ве држат сити, ќе ве наполнат со витамини, минерали и здрави состојки кои ќе имаат позитивен ефект на вашето здравје и изгледот.
извор:metro-portal.hr