Ако ви е тешко да се воздржите до следниот оброк, ставете ги овие намирници во менито, тие ќе ве заштитат и ќе ви помогнат да ослабите.
Здравата исхрана бара здрави навики, а една од првите која треба да ја пропуштиме е јадењето грицки. Кога ќе огладнеме, навалуваме на нешто од фрижидерот или ќесичките, не ставајќи во чинија да не видиме колку сме изеле.
Токму од тие причини треба да го дополниме менито со намирници кои ќе не направат сити подолго време и ќе ни овозможат да не бидеме гладни до следниот оброк, или претставуваат квалитетен и здрав меѓуоброк.
На пример, авокадото е одличен плод преполн со здрави масти и витамини, а ако изедеме половина со ручекот, гарантирано ќе бидеме сити до вечерата.
Благото секогаш не привлекува, толку што понекогаш едноставно не можеме да издржиме. Кога ќе се најдете во таква ситуација, две коцки темно чоколадо со висок процент на какао ќе биде идеално – нема да внесете премногу калории, ќе ја задоволите желбата за благо, а сјајните нутриенси од темното чоколадо ќе се грижат за вашето здравје.
Грашакот исто така е една од намирниците кои почесто треба да ја имате на менито, бидејќи богатството од антиоксиданти, протеини, влакна, витамини Б и железо има сјаен ефект врз апетитот.
Јаболкото, ако го изедете половина час пред јадење, ефективно ќе ја намали вашата желба за храна, па ќе изедете помалку, а влакната и водата од јаболката ќе ве заштитат и ќе ја намалат вашата желба за нездрава храна, што е одлично за меѓуоброк.
Киселите краставички го регулираат варењето на храната и го намалуваат апетитот, што е одлична комбинација за слабеење, а тоа е благодарение на големиот процент на пробиотици.
извор:metro-portal.hr