Главните луѓе во кралството Камбоџа и оддале почит на актерката Анџелина Џоли за сите нејзини хуманитарни дела. Имено еден храмот 12 век добил име токму според актерката. Славната Анџелина пред десет години на таа локација го снимала филмот „Лара Крофт“ па повеќето од жителите храмот го идентификувале токму според неа.


Откако снимањето на филмот завршило, храмот станал мета на многу туристи и нејзини обожаватели. Сопствениците на ресторанот во близина на храмот на многу од специјалитетите им дале имиња токму по ликови од тој филм. Анџелина сеуште не го коментирала овој гест на властите во Камбоџа.