Фудбалерите на Џенова, синоќа, извлекоа храбро реми на гостувањето во Неапол ремизирајќи со Наполи 1-1 во рамките од 31-та рунда во италијанската Серија А. Херои на гостите беа Горан Пандев и Дарко Лазовиќ. Нашиот репрезентативец мајсторски му асистираше на Лазовиќ кој со добар и прецизен удар ја погоди мрежата на домаќините. Џенова повеќе од еден час играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Стефан Стураро.
OhridNews