Светскиот шампион во далечинско пливање од пред две години во Монтреал, шпанецот Давид Мека, трипати го препливал Гибралтарскиот теснец за само 12 и пол часа.
Давид Мека спортист, модел, авантурист
Вчера утро Мека во 9:30 часот тргнал од шпанскиот град Тарифа во јужниот дел на Иберискиот полуостров, а пристигна во 22 часот по локално време на брегот во Сеута, во Мароко.
Мека моментално е под медицински надзор поради големото истоштување, предизвикано од големите бранови и грчевите во телото.
Ова не е прва ваква авантура на Мека. Храбриот Шпанец веќе го има препливано Ла Манш и заливот во Сан Франциско, а се тврди дека пливал и меѓу ајкули во Индискиот Океан и меѓу пирани во Амазон.
неверојатниот Давид Мека
Двид Мека на македонската јавност и е познат како Давид Медина кој три пати по ред триумфирташе на Охридскиот пливачки маратон, но неговите победи во Охрид подоцна беа засенети со допинг афера.
Г.Момироски