Синиот Фолксваген од 1987 година, за кој еден саудиски шеик неодамна понудил милион долари, сепак не е на продажба. Така одлучил неговиот сопственик, уругвајскиот претседател Хозе Мухика, познат како најскромниот лидер на светот. Изјавил дека не би можеле да го продадат бидејќи со тоа би ги увредиле своите пријатели кои им помогнале да го купат. Сината Буба, за која своевремено дал 3000 долари, станала симбол за скромниот начин на живот на уругвајскиот претседател, кој речиси целата своја плата ја дава во добротворни цели.
Мухика заклучил дека не знае дали еден ден автомобилот ќе биде продаден, но бил сигурен дека се додека е жив таа ќе спие во неговата гаража. Милионската понуда му била изнесена на самит во Санта Круз во Боливија. Тоа не бил прв пат некој да покаже интерес за автомобилот. Минатиот септември, мексиканскиот амбасадор Фелипе Енрикес ви замена му понудил 10 теренски возила.