Сопствениците на хотелот Конрад на Малдиви ресторанотн„Итхаа“ кој се наоѓа на дното на океанот го преуредиле во една од најромантичните соби за меден месец. Во аквариумот имало ресторан со неколку маси, а гостите имале поглед на егзотичниот морски живот.
Ресторанот го преуредиле во соба за да обележат пет години од отворањето на хотелот. Во рекламата не била спомната цената на ноќевање во собата, додека ноќевањето во хотелот во соба на копни чини околу 1500 евра. На заинтересираните им препорачале да резервираат ноќевање во собата барем две седмици однапред.