Хотел Милениум Палас
Награди на туристичката берза добиле хотели и угостителски објекти од Словенија, БиХ, Црна Гора и од Македонија. Меѓу наградените има и познати хотелски брендови каков што е хотелот „Сплендид“ од Будва, што е само потврда на квалитетот на туристичката понуда на двата охридски хотели, изјави сопственикот на х. „Климетица“, Љупчо Цветаноски.
Хотел Климетица
Доделувањето на наградите се случи на денот кога Македонија го призна Косово што предизвикало одредени провокации околу името под кое требало да се доделат наградите, но по интервенција на организаторот сепак „Климетица“ и „Милениум“ биле претставени како дел од туристичката понуда на Република Македонија, што било поздравено со аплауз, истакна Цветаноски.
Тој изрази надеж дека неодамнешното признавање на независноста на Косово нема негативно да се одрази врз туризмот во Охрид воопшто, односно дека за српските гости Охрид и натаму ќе остане омилена туристичка дестинација.