Претставници на Хотелската асоцијација-ХОТАМ, во Скопје се сретнаа со премиерот Никола Груевски, од кого побараа подобрување на условите во туризмот и пред се поквалитетна презнтација на Македонија на светските туристички берзи.
Охрид оваа година ја бележи најдобрата туристичка сезона по бројот на посетители, но ефектот од тоа ќе биде многу помал од потенцијалите на градот, предупредуваат туристичките работници. Во шпицот на сезоната, кој се проценува дека е најдолг во последните 5 години, дневно во Охрид престојуваа и до 50.000 гости. Најголем дел од нив беа млади од земјава и соседна Србија кои главно го користат поевтиното приватното сместување, наспроти хотелите кои најчесто беа полупразни.
„Хотелите во шпицот преку недела беа исполнети околу 50 %, додека за викендите работеа со исполтеост на ккапацитетите од околу 90%. Добро е што се донесе маса туристи во Охрид од Србија и млади, но од сето тоа треба да биде задоволна само државата, бидејќи од секој денар кој го носи туризмот таа зема половина“, вели претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески. Ние не сме задоволни бидејќи не успеавме да ги наполниме хотелите 100%, додава Танески.
„Сето тоа се должи на аматерскиот пристап на Министерството за економија и секторот за туризам во изминатата година и дел од годинава. Се беше сработено аматерски а презентацијата беше минорна. Министерката Вера Рафајловска не се појави на ниту една од главните туристички берзи во светот што кај партнерите остава негативен впечаток за односот на државата кон туризмот“ додава Танески.
Истото важи и за локалната самоуправа вели Танески. Таа исто така не ги испрати квалитетно саемските манифестации. „Нас ни се случи во најочекуваната дестинација, Србија, на саемот во Белград да одиме со 1700 парчиња брошура за Охрид, и ни се случи на саемот во Приштина да немаме воопшто матерјал“, вели Танески.
Нема статистика, ниту аналитичлки податоци за бројот на туристите и емитивната зона од која доаѓаат врз база на што би се изготвила соодветен настап на пазарот за идната сезона, посочуваат хотелиерите. Според нив проблем е и тоа што сеуште не е извршена категоризација на објектите во приватното сместување, а не се не се почитува ниту законот на терен. Се додека имаме таква состојба македонкиот туризам неможе да оди напред велат од ХОТАМ.
Г. Момироски