– Доколку на туризмот му се признае извозниот карактер, тоа ќе значи дека за сите девизни приливи дојдени во земјата по основ на туризам преку Народна банка да можат правните субјекти да бидат ослободени од плаќање ДДВ, истакна Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.
Министерот за економија истакна дека Владата со изготвување на правилникот за субвенционирање веќе презела конкретни чекори за поддршка на туризмот.
– Прв пат во Македонија се спроведува директно субвенционирање на туризмот, тоа е еден од најголемите проекти на Министерството во насока на поддршка на таа стопанска гранка. Веќе од буџетот на Министерството за економија за таа намена се издвоени 24 милиони денари, а доколку има потреба ќе побараме дополнителни средства за тој проект, истакна Бесими, кој најави дека Министерството за економија и во иднина ќе продолжи активно да комуницира со туристичките работници и асоцијации со цел да се подобрат состојбите во туристичката дејност.