Еден ланец на хотели во Велика Британија ќе вработи луѓе кои ќе ги топлат креветите на гостите. Тие ќе бидат облечени во посебни одела за спиење и ќе ги загреваат креветите во хотелите „Холидеј Ин“ пред гостите да одат на спиење. Оваа идеја би им помогнала на луѓето да се одлучат да одат на спиење.


Топлиот кревет подразбира температура помеѓу 20 и 24 степени целзиусови. Портпаролката на хотелот рекла дека чувството да се легне во стоплен кревет е прекрасно. Овој метод ќе се испроба во хoтелите во Манчестер и Лондон оваа зима.