Општинскиот пазарен инспекторат против четирии фирми од Охрид поднесе прекршочни пријави, а една бензинска пумпа е времено е затворена на 15 дена поради неправилности во продажабата на лесно гориво, односно таканаречена црвена нафта.
Контрола во изминатите десетина дена била извршена кај триесетина правни субјекти.
Покрај фирми, во соработка со сообраќајната полиција беа проверувани и службени возила, а кај две такви(едното спопственост на пекара, друго на фабрика за производство на мебел) беше утврдено дека користат забранета црвена нафта, информираше раководителот на пазарниот инспекторат, Ѓоко Бошалески.
Неправлилности се констатирани и во хотелите „Десарет“ и „Орце Николов“кои не поседувале целосна документација за набавените количини црвена нафта. Констатирана е разлика во набавената нафта од една бензинска пумпа од 50.550 литри, односно над 50 тона за кои не постоела фактура.Разликата помеѓу регуларната и црвената нафта е 10 денари по литар и тука се работи за даночно затајување од 550.000 денари, вели Бошалески. Тој информираше дека е известена и УЈП која понатаму треба да преземе мерки за наплата на неплатената акциза.
Согласно законот за трговија против прекршителите поднесени се прекршочни пријави и изречена им е парична казна која се движи од 250-300 илјади денари.
Горан Момироски