Управата на хотелот „Мекдоналд Портал“ во Англија забранила употреба на чепкалки за заби во својот ресторан, оценувајќи ја нивната употреба како опасна. Дека забраната е навистина на сила се уверил и еден од гостите кој побарал од келнерот чепкалка за заби. тој одбил објаснувајќи дека во нивниот ресторан нема од истите поради заштита на здравјето и безбедноста на гостите.


Гостинот потоа побарал да разговара со управникот на хотелот, кој му потврдил дека тие се придржуваат кон правилата кои забрануваат употреба на чепкалките за заби. Во локалното здравствено осигурување соопштиле дека тоа е најбесмислената и најсмешната работа која некогаш ја слушнале. Управата на хотелот се воздржала од коментари.