Управата на еден хотел во предградието на Венеција признала дека по грешка на својата интернет страница поставила цена на ноќевање од еден цент наместо 150 евра, но оклу 230 гости кои резервирале соба сепак ќе платат по пониската цена. Хотелот кој се наоѓа на околу 20 километри од центарот на Венеција работи во групата Интерконинентал хотели.
Грешката ќе го чини хотелот околу 90 илјади евра. Сите 230 гости кои резервирале ноќевање по цена од еден цент, пријавиле резервации на повеќе од шест дена. Венеција претставува еден од главните туристички градови во Италија. Секоја година е посетен од околу 15 милиони туристи.