Во понудата еден јапонски хотел од неодамна се нашла и соба за плачење, специјално наменета за поубавиот пол. Гостите во хотелот „Мицуи Гарден Јосуја“ во Токио можат да ја изнајмат оваа соба за во неа мирно да се изнаплачат, и да се ослободат од тешкотиите и насобраниот стрес.

 

Собата за плачење е опремена со исклучително меки марамчиња, препарати за отстранување на шминка, маска за очи како и со избор на книги и филмови кои тераат на солзи. Ова не е единствен хотел во Јапонија кој нуди необични услуги. Пред извесно време, хотелот „Соинеју“, исто така во Токио, почна да изнајмува “Девојки за спиење“ без секс, за оние кои се чувствуваат осамено или кои не можат да заспијат сами.