Франција го добила својот најнов хотел во облик на балон. Карин Мејс, една од првите гостинки во хотелот рекла дека во градот на романтиката се е во таков стил, па дури и надуените апартмани. Додала дека да сега можете да поминете ноќ под ѕвездите пропратена со луксуз. За годишнината од бракот сакала некое посебно невообичаено место. Рекла дека малкумина знаат за тоа место каде можете да спиете под ѕвездите, а според неа не постои ништо поубаво од тоа. Малку оддалечен од градот на светлината, обој несекојдневен хотел нуди неверојатен поглед на ѕвезденото небо. Балонот во природата има безброј предности, но најважна сепак е авантурата.
Сместен е во парк, нешто налик на куќичка на дрво. Балонот полн со воздух има проѕирна купола, па на гостите им нуди незаборавен поглед и ноќе и дење. Внатрешноста е пространа и можете да престојувате во некоја од собите со пет ѕвездички. За една ноќ ќе мора да издвоите 189 фунти. Но во тоа е вклучено баш се, ноќевањето, храната, шампањкото итн. Балонот го задржува својот облик поради воздухот кој постојано се менува, како би се избегнала влагата. Денешниот забрзан начин на живот не нуди можност доволно време да минувате во природата, па ова е една од ретките можности да се поврзете со неа. Необичен, но сепак примамлив начин за одмор и забава.