Еден хотел во Францускиот град Нант им нуди на своите гости за 99 долари да проведат еден ден од својот живот како хрчак. За гостите на овој несекојдневен хотел припремена е специјална понуда. За јадење се нудат житарици, а како главна разонода се нуди трчање по огромно тркало и спиење на сено.
На сопствениците на хотелот ова не им е прв необичен потег. Тие веќе имаат компанија која се занимава со изнајмување на места на злосторства на луѓе кои сакаат авантури. Еден од сопствениците кој се облекува во костим од хрчак вели дека децата на нив гледаат како на мали и слатки животни. Повеќето од гостите имале или сакале да имаат хрчак во детството.