Хотелот Тино – Свети Стефан кој е еден од поддржувачите на првото издание на Картинг трката Римо ќе го награди победникот на највозбудливиот настан во Охрид. Хотелскиот бренд на победникот ќе му додели две карти за еднодневно користење на услугите во Спа центарот.
Организаторите кои активно работат најавуваат добра забава, дружење, а за возбудувањата ќе се погрижат учесниците. Настанот ќе биде од хуманитарен карактер и дел од средствата ќе бидат дадени во Црвен Крст кој ќе ги распредели каде што е најпотребно.
Пријавувањето за учество на Картинг трката трае до 30 август.
OhridNews