Од неодамна одржаниот Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, хотел Силекс се врати со Награда за нов квалитет во туризмот 2010.

Оваа награда се доделува на хотели кои во изминатата година инвестирале во сопствениот бизнис.

– Стручната комисија летово престојуваше во Охрид и имаше можност да ги види промените кои се извршени во хотел Силекс. И покрај тоа што се наоѓаме во услови на економска криза, комплетно се реновирани 104 соби, но освен сместувачкиот капацитет, реновиран е и целиот комплекс во чии рамкии се наоѓа и базенот за пливање, вели Тоше Чочороски, менаџер на хотел Силекс.

Тој потенцира дека наградата претставува поттик за понатамошно вложување кое е еден од основните критериуми за успешно работење во областа на туризмот.

OhridNews