Највисокиот хотел на светот за своите гости вратата ја отворил во вторникот, а сместен е на врвот на облакодер висок 490 метри во Хонг Конг. Хотелот „Риц-Чарлтон“ има поглед на познатото пристаниште „Викторија“ и на целиот град. Херме Хумлер, водител на проектот изјавил дека го отвораат легендарниот хотел, за кој им биле потребни десет години да го завршат.
Исто така рекол дека луксузот го довеле на едно повисоко ниво. Хотелот е сместен од 102 до 118 кат на зградата на меѓународниот трговски центар. Има 312 соби, едно ноќевање во просек чини околу 1000 долари. Сепак, хотелот нема долго да има репутација на највисок хотел на светот, бидејќи 2014 година во Кина се отвора хотел кој ќе биде сместен на врвот на нободер висок 600 метри.