На светот постојат многу необични хотели кои нудат сместување на дрво, во пештери, па дури и во затвори. Меѓутоа, во Катар е во тек изградба на хотел каков сеуште не сме виделе. Проектот ‘Amphibious 1000’ го осмислила италијанската компанија „Giancarlo Zema Design Group“, а вредноста на проектот е проценета на 500 милиони долари.
Овој хотелски комплекс е специфичен по тоа што градбите се до половина под морето, а освен апартманите, во хотелот ќе се изградат и канцеларии, ресторан со егзотична храна, а сите содржини на хотелот ќе го имаат прекрасниот поглед на подводниот свет. Освен луксузот кој не може да се опише со зборови, хотелскиот комплекс ќе може да се пофали и со фактот дека делува на еколошката свест, бидејќи на целиот простор на комплексот ќе се користат само возила на електричен погон.