На Меѓународниот туристички саем во Белград што ќе се одржи од 28 февруари до 2 март годинава, нема да се повтори скандалот со името на Македонија поради кој штандот на Македонија на неодамнешниот саем во Софија беше затворен. Ова во изјава за медиумите го тврди претседателот на хотелската асоцијација на Македонија – ХОТАМ, Дончо Таневски.
Тој соопшти дека од Дирекцијата на саемот во Белград стигнала потврда дека на македонскиот штанд веќе е испишано уставното име на државата и оти околу името на Македонија нема да има никакви проблеми.
ХОТАМ најави достојна презентација на македонскиот туризам на саемот во Белград, каде и годинава ќе се одржи традиционалната „Македонска вечер“ на која ќе бидат претставени македонските национални јадења и вина. На саемот ќе настапат и КУД „Отекс“ од Охрид и староградскиот охридски оркестар, а две екипи од Македонија ќе земат учество на првиот балкански гастрономски натпревар.
ohridnews