Хотелската асоцијација на Македонија – ХОТАМ, и туристичката комора на Полска во Скопје потпишаа протокол за соработка на развој на туризмот меѓу Македонија и Полска.
Како што информираат од ХОТАМ целта е да се промовира Македонија како туристичка дестинација и на полските граѓани да им се претстави како безбедна и стабилна земја со гостопримливи луѓе.
Инаку претставниците од туристичката комора на Полска за време на неколку дневниот престоја во Македонија посетија повеќе културно историски знаменитости и ги разгледаа убавините на Охрид.