Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти сомнителни за инфлуенца А Х1Н1 и таму во моментот се лекуваат 74 пациенти. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај двајца пациенти, со потешка форма на пневмонија, кои се уште се поставени на респиратор, информираат од Министерството за здравство.

На инфективното одделение во Воената болница, болнички се згрижени уште тројца нови пациенти и таму вкупно се хоспитализирани 21 лице со симптоми на грип.

На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани осум нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 47 пациент со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, со потешка форма на пневмонија.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште три деца со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 36 деца.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека за време на викендот, вакцина против новиот тип на грип примиле над 100 граѓани од Скопје, соопшти ресорното министерство.

Ohridnews