Во изминатото деноноќие биле хоспитализирани вкупно 18 лица со симптоми на грип од кои единаесет деца. Од вкупната бројка, две лица се на машини за дишење, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести биле прегледани 12 пациенти од кои биле хоспитализирани шест, а на интензивна нега е едно лице кое е на машина за дишење.

На Детската клиника во последните 24 часа , биле прегледани 16 деца од кои 11 се хоспитализирани, а само едно дее е на респиратор.

Во новата градска општа болница е хоспитализиран само еден пациент со симптоми на грип.

Поради зголемениот број на пациенти со симптоми на грип, лекот Тамифлу ќе биде дистрибуиран во аптеките и во здравствените домови, па матичните лекари ќе може бесплатно да го препишуваат за пациенти со симптоми на грип, особено на пациентите од ризичните групи.

OhridNews
извор:„Макфакс“