Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, во четвртокот бил примен во Клиничкиот центар во Сараево. Како што објавија босанските медиуми, тој бил хоспитализиран поради исцрпеност, добил инфузија и останал на дополнителни прегледи.
Просинечки во текот на вчерашниот ден не се чувствувал добро поради што го пропуштил отворањето на новите простории на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина. Ова не е прв пат Просинечки да има здравствени проблеми. Во минатото имал проблеми со центарот за рамнотежа.
Хрватскиот тренер од јануари е на кормилото на БиХ. Под негово водство репрезентацијата, во конкуренција на Северна Ирска и Австрија, го освои првото место во својата група, избори плејоф за пласман на ЕВРО 2020 и пласман во Б-дивизијата во Лигата на нациите.
OhridNews