Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Алесандро Дел Пиеро завршил во болница во Лос Анџелес.

Дел Пиеро бил хоспитализиран поради болки во бубрезите. Тој преку социјалните мрежи им порачал на своите фанови дека нема потреба да бидат загрижени.

Се уште не можам да поверувам дека нешто толку мали, нешто шти има само три милиметри, може да предизвика таква болка. –  напишал Дел Пиеро.

После завршување на фудбалска кариера, популарниот „Пинторучио“ се пресели во САД и отвори фудбалска академија во која ги пренесува своите знаења и квалитети.

OhridNews