Минатогодишниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија, Металург го доведе најзвучното засилување во составот ангажирајќи го Златко Хорват од хрватскиот клуб, Загреб.

Десното крило можеби играчки нема да биде „главен“ во екипата но сигурно во соблекувалната ќе има голема улога бидејќи се работи за ракометар со огромно искуство.

Изненанден од трансферот на Златко Хорват во Металург е Лино Червар. Поранешниот предводник на Металург смета дека клубот има најдено нов и стабилен спонзор, кога се засилува со играч каков што е Хорват.

Искрено ме изненади одлуката на Златко. Очигледно е дека во клубот влегол нов спонзор, бидејќи имаат средства и донесоа повеќе играчи. Мислам дека Хорват премина во Металург, бидејќи добил подобра понуда. Не гледам друга причина зашто би го напуштил Загреб. – изјави Червар.

Хорват е вкупно четврти нов ракометар во Автокоманда. Претходно на Металург му се придружија Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.

OhridNews