Бекот на ТФТ, Ландриус Хортон е МВП на првото коло од кошаркарскиот шампионат. Тој на гостувањето во Гевгелија против Кожув собра 30 индексни поени и беше најзаслужен за победата од 88:77.
За 39 минути на теренот, Хортон реализираше 24 поени (10/12 за два поени) и 4/5 од линијата за слободно фрлања, осум скока, две освоени топки и една блокада.
Најдобри пет во премиерното коло од Првата лига за сезоната 2021/2022:
Ландриус Хортон (ТФТ) 30 индексни поени
Дарко Соколов (Еуро Никел) 27
Двејн Морган (Феникс) 27
Бобан Стајиќ (Пелистер) 26
Стефан Крстајиќ (Навико ФМП Академија) 26.
OhridNews