Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве хортикултурно го уредија новиот плоштад кај Мини маркет. Активностите околу уредувањето на зеленилото се реализирале етапно и биле опфатени повеќе зелени катчиња на овој локалитет.
-Се уредија зелените површини на влезот во плоштадот од страна на сообраќајницата на пресекот на булевар „Туристичка“ и „Јане Сандански“. Се реконструираа површините со нанесување на нов слој на плодна земја, се постави систем за наводнување, декоративен камен и се засадија декоративни зимзелени грмушки, информираат од претпријатието.
Оттаму објаснуваат дека исто така биле формирани и зелени појаси околу дрворедот по булевар „Туристичка“ и цветни леи со претходно поставен систем за наводнување по принципот „капка-по-капка“, а биле поставени се железни огради. На плоштадот биле донесени и дрвени жардињери во кои биле засадени зимзелени борчиња и ниски грмушки околу нив.
Уреден бил и потегот околу фонтаната, каде е засадено сезонско цвеќе.
OhridNews