Во склоп на градежните активности за реконструкција на улицата „7-ми Ноември”, екипите на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со првата фаза од делот на хортикултурно уредување на оваа улица.
По налог на Општина Охрид, на локациите каде се предвидени зелени хортикултурни содржини се нанесува плодна земја, велат од претпријатието.
Активностите за реконструкција на улицата започнаа на крајот од август минатата година, а проектот опфаќа изградба на нова атмосферска канализација, нови тротоарски површини и велосипедски ленти, спуштање на водовите на кабелските и другите оператори и реконструкција на коловозот. Вредноста на истиот изнесува 39 милиони денари.
Според последните најави на градоначалникот Кирил Пецаков реконструкцијата на улицата треба да биде завршена до почетокот на летната сезона.
OhridNews