Вчеравечер во црквата „Света Софија“ во Охрид настапи хорот на „Подворје“ на Руската православна црква од Софија.

Настапот го проследија претставници од највисокиот врв на Македонската православна црква, Руската православна црква, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје и други високи гости.

Гостувањето на хорот „Подворје“ е дел од културните настани што се организираат во Охрид по повод презентацијата на Православата енциклопедија.

Во ова најголемо православно енциклопедиско издание ќе бидат опфатени Македонската православна црква, нејзината историја, значајните духовни храмови и светци, како и Охрид и Охридска архиепископија.

OhridNews

Фото:Емилио