Хорот при Основното училиште „Христо Узунов“ го освои првото место на Републичкиот натпревар за детски и младински хорови кој се одржа деновиве во Кавадарци. Хорот беше раководен од професорката Вера Булоска.
Директорот на училиштето Тони Симоновски истакна дека ова е голем успех и за училиштето и достојно претставување на градот Охрид на овој натпревар.
Инаку хорскиот натпревар се одржа во рамки на Меѓународниот фестивал за детски и младински хорови кој се одржуваше по јубилеен 50-ти пат.
OhridNews