Љубителите на хорското пеење од Охрид утревечер ќе имаат можност да го проследат концертот на мешаниот хор „Либертас“ од Дубровник, Хрватска кој ќе се одржи во Католичката Црква во Охрид.

Хорот „Либертас“ е важен дел од богатото културно живеење на градот Дубровник и е основана во 1980 година. Репертоарот на овој хорски ансамбал е многу широк и се состои од голем број композиции од духовната и оперската музика.

Концертот започнува во 19 часот, а влезот е слободен.

OhridNews