Љубителите на хорската музика од Охрид, ќе може да уживаат во изведбите на Хорот „Копенхаген“, кој ќе одржи концерт во четврток на 29-ти мај, во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“. Концертот ќе се одржи со почеток во 18 часот, а влезот ќе биде слободен. Освен од центарот за култура, овој концертен настан е поддржан и од Општина Охрид.
Во рамки на програмата ќе бидат изведени дела од скандинавски автори, како и дела на Хендл и Вивалди. На концертот свој настап ќе има и Градскиот Хор од Охрид.
Хорот „Копенгаген“ е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство.
OhridNews