Монструозниот чин се случил во селото Вратарница кај Заечар, пренесува српски „Блиц“. 28-годишен жител на селото грабнал тригодишно девојче од веселба, го силувал, а потоа го убил удирајќи го со тупаници и камења, соопшти српската полиција.

Насилникот е уапсен и го признал делото.

Министерот за внатрешни работи на Србија Владимир Ребиќ на вонредна пред конференција соопшти дека несреќното девојче синоќа било на роденден во комшии, а околу 21.30 часот неговите родители забележале дека го нема, по што веднаш била алармирана полицијата. Неполн час подоцна полицијата го пронашла осомничениот кој се однесувал чудно. Тој и кажал на полицијата дека направил страшно дело и кажал каде се наоѓа телото на девојчето. Полицијата на околу 700 метри од куѓата каде бил роденденот го пронашла унаказеното тело на тригодишното девојче.

OhridNews
фото:РТС