Двојно убиство го потресе Белгтрад. Како што јавуваат српските медиуми, синоќа во 20.15 часот во населбата Глогоњски рит во Белград, со повеќе истрели од огнено оружје убиен е Киро Тренески (41), Македонец кој неколку години возел такси во српската престолнина.

Неофицијално, напаѓачите сакале да го украдат неговото такси возило, но не можеле да го извлечат од јамата покрај патот во која паднало и се откажале од намерата.

Полицијата утрово во непосредна близина пронајде уште едно мртво тело на околу 150 метри од местото каде се случило убиството на македонскиот државјанин. Се претпоставува дека несреќниот минувач застанал да помогне откако го здогледал такси возилото покрај патот, но и тој завршил трагично. Напаѓачите и него го изрешетале со огнено оружје  го одзеле неговото возило со кое пообегнале во непознат правец.

Срспаката полиција работи на расветлување на двојното убиство.

OhridNews
фото:„Блиц“