За многумина свадбата е синоним за рози, ангелчиња и гугутки, но не и за еден млад пар од Тексас кој гостите ги послужил со вистинска „хорор“ торта. Како што пренеле медиумите, повеќе од морбидната торта ја осмислила и реализирала самата невеста, Натали Сајдсерф, која по професија е слаткар. Кога требало да избере торта за својата свадба, Натали одлучила да направи нешто оригинално, а бидејќи таа и сопругот сакаат хорор филмови, креирала торта која повеќе предизвикува гадење отколку восхит.

Имено, тортата имала облик на две отсечени глави, нејзината и на Дејв, кои лежат во локва крв. Необичната невеста рекла дека сакаат хорор филмови и додека гледале еден таков, му предложила на Дејв да направи торта со отсечени глави. Тој веднаш се согласил. Додала дека не го предупредиле сватовите, кои биле во шок кога ја виделе, но подоцна многу им се допаднала. За припрема на свадбената торта Натали користела преливи од ванила и чоколадо.