Шефот на Ред Бул, Христијан Хорнер, смета дека заостанувањето на неговиот тим не е преголем зад водечките и дека добро се привикнале на новите правила.

Макс Верстапен во Мелбурн се пласира на 5-тото место со 28 секунди заостанување зад победникот Фетел. Хорнер призна дека на оваа трка Ред Бул имал трет најдобар пакет, а причината за застанувањето, според него, треба да се подели на пола како на моторите на Рено така и на шасијата на неговиот тим.

– Да бидам искрен, мислам дека не сме многу далеку од Мерцедес, но сепак сум разочаран од формата на тимот кој го водам. Исто така морам да кажам дека Ферари беше импресивен и тврдам дека имаат најбрз болид во овој момент. Ние сме третиот најбрз тим и мора некако да излвечиме уште пола секунда во наша корист. Макс доста силно го притискаше Кими, но не беше ни приближно силен како Фетел и Луис. Беше далеку од потребниот ритам.  – изјави Хорнер и додаде – Уште е рано за детални анализи. Ние одбравме еден долг концепт и верувам дека имаме доста добар развоен концепт за можности на овај болид во склоп на новите правила. 

Ред Бул очекува нова спецификација на моторот на Рено за трката во Канада.

OhridNews