Чести се забелешките на граѓаните, пред се на учесниците во сообраќајот, на начинот на кој се обележува хоризонталната сиглализација во Охрид. Улиците во градот и натаму се обележуваат со боја, која брзо потоа бледее или се брише.
Граѓани кои возат велосипеди посочуваат дека дека при врнежи улиците, особено во обележаните зони се исклучително лизгави од бојата и остатоците од гуми, гориво и масло, поради што се исклучително опасни. Читател на OhridNews, пак, го посочува примерот на Германија, која како и во многу области и овој „проблем“ го решила на инвентивен начин. Улиците во Германија наместо со боја се обележани со релјеф. Сигурно овој материјал е поскап, но чини многу поевтино од постојаното бојадисување на улиците, затоа што се прави еднаш, посочува овој читател.
Исто така Германија смислила квалитетно решение и за велоспидските патеки, кои се направени со благо спуштање од тротоарот, што е важно и за детските колички.
Ова се само дел од предлозите на загрижени граѓани, за подобро и побезбедно сообраќајно решение и обележување на улиците низ градот каде велосипедите се почесто се употребуваат како од охриѓани, така и од туристите. Оттаму потребна е и соодветна инфраструктура бидејќи постоечката ни оддалеку не ги исполнува европските стандарди, сметаат граѓани чие превозно средство е велосипедот.
OhridNews