Љубителите на хорската музика утревечер во црквата „Св.Софија“ во Охрид ќе имаат можност да го проследат концертот на Првата презвитеријанска црква во Беркли, Калифорнија (САД), под раководство на маестро Митчел Ковингтон.

На програмата се дела од Јозеф Хајдн, Џон Рутер, Кнут Нистед, Крег Кортиј, Антонио Вивалди, Џовани Кроче, Митчел Ковингтон, Кингли Ланг, Џошуа Шенк, Јохан Себастијан Бах и Илејн Хагелберг.

Во хорот пеат музичари од Сан Франциско и околината кои се посветени на врвна изведба на хорските дела. Диригентот Митчел Ковингтон, покрај хорското диригирањето, е познат и наградуван како композитор.
 
Во рамките на нивната балканска турнеа овој престижен американски хор по настапите во Требиње, Дубровник, Котор гостува и во Охрид благодарение на заложбите на Охридскиот хорски фестивал.

Концертот започнува во 20 часот, а влезот е бесплатен.

OhridNews