Не е тајна дека пејачите од спрската естрада одлично заработуваат, но висината на нивните хонорари во голема мера зависи од тоа дали имаат некој актуелен хит, колку луѓе собира местото во кое настапуваат па дури и локацијата на објектот.
Најмногу заработуваат Лепа Брена, Здравко Чолиќ и Цеца Ражњатович кои за вечер наплаќаат помеѓу 20.000 и 50.000 евра, а цифрите се дуплираат за концертите на новогодишната вечер.

Иако другите музичари не заработуваат толку големи суми тие сепак можат да се пофалат со хонорари од 5.000 па до 15.000 евра по настап.