Доколку може да и се верува на една од најновите епизоди на популарната анимирана серија „Симпсонови“, во финалето на претстојното светско првенство во фудбал ќе се најдат Бразил и Германија. Авторите на серијата одат дури и чекор понатаму, и предвидуваат дека ќе победат германсците со резултат од 2 спрема 0.
Во епизодата под наслов “You Don’t Have To Live Like A Referee”, главниот лик во серијата, Хомер Симпсон, се вовлекува во кожата на главниот судија кој мора да се избори со играчите кои симулираат повреди и фаули. Еден од гостите во епизодата е познатиот американски спортски коментатор на шпански јазик Андрес Кантор, кој гледачите ги доведува до транс со својот страствен пренос.