Програмерите работат на холограми на Џим Морисон од „Дорс“ и Џими Хендрикс, кои потоа би настапувале на концерти. Употребата на холограми на музички спектакли започнала со покојниот рапер Тупак, кој на фестивал бил доведен од Др. Дре и Снуп Дог. Потоа започнало да се зборува за Елвис Присли, Марвин Геј, па дури и за холограм на Џастин Бибер.
Џеф Џампол, кој се грижи за музичкото наследство на Џим Морисон, рекол дека веќе десет години работи на идејата Џим Морисон во 3Д верзија, како би нправил програма која би настапувала под името „Дорси“. Од друга страна, сестрата на Хендрикс, Џени, работи на холограм на големиот гитарист со лондонската компанија „Мјузишн Системс“.