Најновата јапонска поп сензација, Хацуне Мику, е всушност холограм кој пее. Собрала голем број фанови, а секој нејзин концерт бил распродаден до крај. Мику е произведена од компанијата Crypton Future Media. Ја користат програмата Вокалоид, преку која холограмот може да ја испее било која песна од нивниот компјутер.


Мику е претставена како да има 16 години, а гласот и го позајмила актерката Саки Фујита. Се покажало дека холограмот станал толку популарен, што фановите лудувале на неговите концерти. Моментално се наоѓа на турнеја, а со него настапува и бенд. Холограми во историјата на музиката за прв пат започнале да се користат во 2006 година.