Најголемите ѕвезди на холивудските акциони филмови Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис и Мики Рурк ќе се најдат на 19 септември во Бугарија. Тие во ликсузниот софиски кварт Бојана ќе го снимаат вториот дел од филмот “The Expendables”, чиј буџет изнесува 100 милиони долари.


Во вториот дел од филмот ќе глумат уште и Чак Норис, Џон Траволта и Жан Клод Ван Дам. Филмскиот продуцент Ави Ларнер изјавил дека ја избрал Бугарија за снимањето поради тоа што таа е најефтина источноевропска држава за снимање филмови. Првиот дел од филмот заработил 275 милиони долари, а во него биле вложени 80 милиони долари.