Оскаровката Оливија де Хавиленд, една од последните живи холивудски икони од 30-те години на минатиот век која ги надживува речиси сите ѕвезди со кои глумеше во филмскиот класик „Одвеано со виорот“, вчера го прослави стотиот роденден.

Клерк Гејбл, кој го играше Рет Батлер почина пред 55 години, Вивиен Ли која го толкуваше ликот на Скарлет О’Хара, имаше 53 години кога беше пронајдена мртва во 1967 година, Лесли Хауард, кој ја олицетворуваше тајната љубов на О’Хара – Ешли Вилкис, починал во Втората светска војна. Момченцето Мики Кунб, кој во филмот го толкуваше синот на Оливија де Хавиленд, односно Мелани Хамилтон, сега има 83 години.

Де Хавиленд, чии родители се Британци, родена е во Токио, а како дете се преселиле во Калифорнија. Нејзината сестра Џоан Фонтејн, исто така, позната актерка и добитничка на Оскар, почина во 2013 година, на 96-годишна возраст.

Оливија де Хавиленд денес живее во Париз, каде што се пресели од Холивуд кога се омажила за својот втор сопруг, францускиот писател Пјер Галанте во 1955 година. На почетокот од кариерата играла во театар, а потоа глуми во филмови. Популарноста ја достигна со осумте филмови снимени за компанијата „Warner Bros“, реализирани до 1941 година, во кои е партнерка на Ерол Флин, како и со ролјата во спектаклот „Одвеано со виорот“ од 1939 година.

Добитничка е на два Оскари за најдобра женска улога и тоа во филмовите „Секому неговото“ од 1946 година и „Наследничка“ од 1949 година. Другите поважни филмови во кои игра се „Запрете ги мугрите“ (1941), „Темно огледало“ (1946), „Змиско легло“ (1949) и „Роднината Рахела“ од 1952 година.

OhridNews
Извор:„Макфакс“