Холивуд започна борба против пиратските копии на нивните изданија. Оваа седмица судот во Сан Франциско ќе одлучи дали ДВД корисниците имаат право да прават лични копии како што се прави со аудио изданијата.


Сепак факт е дека копирањето на корисниците ќе продолжи без разлика на судскиот исход. Вистинското прашање е дали може Холивуд да направи систем кој ќе го оневозможи копирањето на ДВД филмови.