Минатата 2021 можеби беше година за претставување на лицата со попреченост во Холивуд, особено изведувачи со оштетен слух. Милисент Симондс дополнително докажа дека е една од најнадежните млади глумици на сцената, во „Тивко место 2“, а Лорен Ридлоф стана првиот глув суперхерој на „Марвел“ во филмот „Вечните“ и, најзвучното – „КОДА“ триумфираше на „Оскарите“, освојувајќи три одличија, вклучувајќи го и она за најдобар филм.
На бранот на сѐ тоа, се цодржа и панел на креативни создавачи со попреченост „Неизбежната фондација“ (Inevitable Foundation) во четвртокот „Стрип-конференцијата“ во Сан Диего, САД.
На дискусијата учествуваа Ридлоф, Џилијан Меркадо (која има мускулна дистрофија), Џош Фелдман (оштетен слух), Грег Махлин и Ифа Бејкер (невродиверзни личности) и др.
Навикнат сум да бидам „единствениот глув човек во собата“, истакна Фелдман.
Според Меркадо, тоа значи дека од луѓето на нивните позиции често се очекува не само да ги извршуваат своите улоги како актери, писатели и продуценти, туку и да служат како неофицијални консултанти (што значи – неплатени), кога станува збор за тоа како продукциите работат со, но и како ги прикажуваат лицата со попречености. А, публиката директно ги обвинува нив ако не се прецизно или со почит прикажани.
Сепак, панелистите ја поздравија нивната улога во претставувањето на пошироката заедница за попреченост воопшто.
Тоа што го ставаме на екранот е важно!, вели Бејкер.
Тие сметаат и дека Холивуд полека ги прави продукциите подостапни. Фелдман наведе трепкачки светла што биле инсталирани во неговата приколка, што му биле потребни на снимањето. Меркадо, која користи ортопедска количка, и Ридлоф се исто така, благодарни за пристапот за лицата со попреченост.
OhridNews