Луѓето кои ја снимиле драмата за борба против тероризмот „Катанец за болка“ подготвуваат акционен трилер за потрагата по Осама Бин Ладен. Режисерката Кетрин Бигелоу, која има добиено оскар за споменатиот филм, и сценаристот Марк Бол веќе неколку месеци работат на филм посветен на акцијата за фаќање на водачот на Ал Каеда, изјавила личност блиска на еипата која работи на проектот која сакала да остане анонимна бидејќи немала дозвола да зборува.
Кетрин Бигелоу сигурно ќе го менува сценариото, со оглед на тоа што американските сили го убија Бин Ладен во саботата во Пакистан, а нејзиниот филм бил заснован на еден претходен обид за негово фаќање кој завршил безуспешно.